Дома Фудбал Англија Реакцијата на Салах кога му кажаа дека Сити го победил Лестер (ВИДЕО)

Реакцијата на Салах кога му кажаа дека Сити го победил Лестер (ВИДЕО)

Ливерпул за прв пат во клупската историја стана светски шампион. Со минимални 1:0 после продолженија „црвените“ го победија Фламенго. Одлучи голот на Фирмино во 99. минута.

Поради исклучително силниот карактер и менталитот кој им го донесе Клоп во Ливерпул ништо не зимаат „здраво за готово“.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Премиер лигата Ливерпул има двоцифрена предност во однос на Лестер и Манчестер Сити кои вчера во исто време со Ливерпул го играа натпреварот од Премиер лигата.

Додека Салах даваше изјава, новинар на арапските медиуми му кажа дека Сити го победил Лестер со 3:1 и дека имаат прилика да ја зголемат бодовната предност во случај да победат во заостанатиот натпревар против Вест Хем.

Според реакцијата на Египќанецот може да се види каков менталитет им вградил Клоп.

„Ох, навистина: Изгубија 3:1? Се уште има многу да се игра, го знаете тоа…Сигурно дека е добро за нас што Сити победи, но знаете дека минатата сезона ремизиравме на два или три натпревари во низа. Тоа нас ни ги отежна работите. Ние треба да се фокусираме само на нашите натпревари и да одиме натпревар по натпревар“, одговори Салах.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…