Еден Азар пред речиси три години стигна како големо засилување во Реал Мадрид од Челзи, но не ги оправда очекувањата.
„Кралевите“ за Белгиецот платија дури 115 милиони евра и се очекуваше да биде нова ѕвезда во екипата, но поради проблемите со повреди на крајот не се покажа како вистинско решение.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во последно време се шпекулираше дека ќе замине од Мадрид, а шпанските медиуми се сигурни дека тоа ќе се случи и прашање е на време дали тоа ќе биде во јануари или следното лето.
Азар ниту синоќа не доби шанса од Карло Анчелоти за настап, а тоа дополнително ги засили шпекулациите дека заминува од „Сантијаго Бернабеу“. Сите фудбалери освен Азар беа среќни и насмеани поради новата титула, но Белгиецот изгледаше разочарано затоа што не одигра ниту минута.
Додека на групната фотографија сите позираа насмеани, Азар изгледаше дека е таму со сила, односно не можеше ниту да одглуми дека е среќен поради трофејот.