Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд истакна дека е премногу рано да се зборува за титулата во Премиер лигата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Црвените ѓаволи“ вчера го победија Вулверхемптон со голот на Рашфорд во последните моменти од натпреварот.
„Постигнаво одлучувачки гол, освоивме три бода и продолжуваме понатаму. Ова беше тежок натпревар баш каков и што очекувавме“.
Може ли Јунајтед до титулата?
„Не можеме да гледаме толку напред, треба да се оди чекор по чекор и понатаму пред на се долг пат и многу работи. Глупаво е сега да ја гледаме табелата. Ако продолжиме да победуваме ќе ги видиме резултатите на крајот од сезоната“, изјави Рашфорд.