Дома Топ вести Рашфорд може да се пресели во големиот ривал

Рашфорд може да се пресели во големиот ривал

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд сериозно размислува за својата иднина на „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Рашфорд се уште не донел конечна одлука за својата иднина, но сериозно размислува да ги напушти „црвените ѓаволи“ на крајот на сезоната.

Тој има договор до 2023 година и на лето ќе влезе во последната година од договорот, па треба да донесе одлука.

„Манчестер Ивнинг Њус“ пренесува дека најсилен интерес покажува Барселона, која во Англичанецот гледа идеална замена за Осман Дембеле.

Она што е шокантно е што медиумите не ја исклучуваат можноста Рашфорд да ја продолжи кариерата во некој од големите ривали на „црвените ѓаволи“, Ливерпул или Арсенал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…