Дома Топ вести Рашфорд го загуби трпението: Ако Мурињо остане, тој заминува

Рашфорд го загуби трпението: Ако Мурињо остане, тој заминува

Големиот талент на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е се поразочаран од фактот дека менаџерот Жозе Мурињо не му дава доволно минутажа и е спремен да го напушти „Олд Трафорд“, пренесуваат англиските медиуми.

„Дејли Мирор“ тврди дека ако „Специјалниот“ остане во кклубот, 20-годишниот Рашфорд сериозно ќе размислува за напуштање на Манчестер Јунајтед.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Рашфорд беше стартер во само пет од последните 16 натпревари и беше особено разочаран што доби само осум минути од дербито против Сити викендов. Младиот напаѓач одигра 43 натпревари во сезоната, но само во 22 од нив беше стартер.

Трансферот на Алексис Санчез од јануари додатно ја загрози неговата позиција во тимот, па сега Рашфорд сака да ја промени средината.

„Маркус беше многу несреќен што остана на клупата во дербито, а ако Мурињо е тука и следната сезона, Маркус можеби нема да остане. Не сака да биде резерва, сака да стартува во секој натпревар“, изјави извор близок до Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Артета носи големо засилување во борбата за титулата

Арсенал е силно заинтересиран за играчот на Реал и турскиот талент, Арда Гулер, прене…