Дома Фудбал Рафиња: Никогаш не би играл за Реал, сакам Меси да се врати

Рафиња: Никогаш не би играл за Реал, сакам Меси да се врати

Фудбалерот за врска на Барселона, Рафиња според последната изјава е целосно лојален на каталонскиот клуб и за него не постои друг избор во Шпанија.

26-годишниот репрезентативец на Бразил во клубот дојде во јули 2022 година од Лидс и на 21 натпревар во Примера постигна четири гола и додаде уште толку асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Никогаш не би играл за Реал Мадрид. Во Шпанија ја сакам Барселона, а од другите држави, ПСЖ и Арсенал“, изјави Рафиња кој кариерата ја започна во Авае, играше уште за Гимараеш, Спортинг Лисабон, Рен и Лидс.

Бразилецот би сакал да биде во ист тим со Лионел Меси.

„Секако да би сакал да се врати и да биде со нас“, истакна Рафиња кој со Барса има договор до летото 2027 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул има нов фаворит за наследник на Клоп

Тренерот на Феенорд, Арне Слот, е новиот фаворит за тренерската позиција во Ливерпул, прен…