Маската за „Ноќта на вештерките“ на фудбалерот на Баерн му направила сериозен проблем во Германија.
Бразилецот од сега во иднина добро ќе размисли пред да избере во што ќе се маскира.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Овогодинешниот избор на Рафиња му направил сериозен проблем и денес бил приморан да испрати извинување за „скандалот“ кој изби во Германија брзо да заврши.
Десниот бек на Баерн се маскирал во арап кој во рацете носи пакет на кој пишува „внимание“. Следуваше вистинска хајка во германските медиуми кои го обвинија Рафиња за расизам.
Неговата фотографија после големата „бура“ која се крена е отстранета од Твитер профилот на Баерн, а Рафиња морал да се извини.
„Ноќта на вештерките е голема прослава, понекогаш маските ја поминуваат границата. Немав намера некого да вознемирам или со својата маска да повредам нечии чуства“, напиша Рафиња.
Bayern Munich's Rafinha has apologised for this Halloween costume… pic.twitter.com/dV2C9vTZaS
— ESPN FC (@ESPNFC) November 2, 2018