Дома Останати Тенис Рафа Надал го освои Мастерсот во Торонто

Рафа Надал го освои Мастерсот во Торонто

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го освои Мастерсот во Торонто откако во синоќешниот натпревар го победи Гркот Стефанос Циципас со 2:0 во сетови. 

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Циципас одигра вонсериски турнир и на патот кон финалето ги победи Џумхура, Тиема, Ѓоковиќ, Зверев и Кевин Андерсон. Сепак, во финалето не можеше против Рафа.

Првиот светски рекет направи два брејка во првиот сет и славеше со 6:2. Во вториот период Шпанецот веднаш направи брејк и сигурно го држеше својот сервис се до последниот момент кога направи брејк и изедначи на 5:5. Покасно имаше и сет топка, но Надал се спаси и замина во тај брејк. Таму сепак подобро се снајде шпанскиот тенисер кој славеше со 7:4 и го освои турнирот.

Инаку, ова за Надал е четврта титула на Роџерс купот, 33 Мастер во кариерата и вкупно 80. трофеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ во лоша позиција пред Вимблдон: Секој поен е од златна вредност!

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ е во прилично неповолна позиција на новообјавената АТП лис…