Дома Фудбал Англија Рафа Бенитез изненадувачки станува еден од најплатените тренери на светот?

Рафа Бенитез изненадувачки станува еден од најплатените тренери на светот?

benitez

Изгледа дојде време Рафаел Бенитез да ја напушти Европа и да се упати кон Далечниот Исток.

Како што пренесуваат островските медиуми, Бенитез има примамлива понуда да седне на клупата на Гвангажу Евергранде и би можел да ја прифати.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Инаку, споматата екипа сега ја води легендарниот Фабио Канаваро, а истата се подготвува за живот после поранешниот капитен на репрезентацијата на Италија затоа што тој во овој момент е и селектор на Кина.

За селектор на Кина Канаваро беше назначен неодамна, а после лошиот настап на Кинескиот куп се шпекулираше дека нема да може да остане на двете позиции. Тогаш се пишуваше дека експресно ќе ја напушти репрезентацијата, но сега најавите се спротивни.

Кога во прашање е Бенитез тој ќе стане слободен тренер на крајот од сезоната кога му истекува договорот со Њукасл. Засега не е познато дали истиот ќе му биде продолжен. Инаку, „Мирор“ пренесува дека шпанскиот стратег од страна на кинескиот клуб добил понуда која би го направила еден од најплатените тренери во светот.

Ова не е прв пат Бенитез да се поврзува со заминување во Кина, претходната понуда ја одби. Сепак, сега изгледа би можел да ја напушти Европа во потрага по нов предизвик.

Најголемиот тренерски успех Бенитез го направи во 2005 година кога со Ливерпул стана европски шампион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…