Вчера Барселона го победи Леванте со 2:1 во рамките од 22. коло од шпанската Ла Лига и така ја продолжија трката со Реал Мадрид за врвот на табелата, меѓутоа сега пристигнуваат нови и тоа лоши вести за каталонскиот гигант.
Шпанскиот реномиран медиум „АС“ повикувајќи се на свои извори, објави дека во соблекувалната на Барселона имало расправија помеѓу двете ѕвезди на тимот, Меси и Пике.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Според информациите, Пике и Меси влегле во расправија затоа што не се сложувале со играта на тимот. Барселона не игра баш најдобро во последно време, поради тоа Валверде си замина, а на негово место дојде Кике Сетиен.
Расправија во соблекувалната секако не е добра, а проблемот е уште поголем ако станува збор за играчи со авторитет каков што имаат Меси и Пике.