Дома Фудбал Англија Раниери: Јас сум Италијанец и се знае што ми е најважно

Раниери: Јас сум Италијанец и се знае што ми е најважно

Во текот на вчерашниот ден Фулам го отпушти Србинот, Славиша Јокановиќ и на негово место го доведе Италијанецот, Клаудио Раниери.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јокановиќ беше отпуштен откако Фулам после 12 одиграни кола се наоѓа на последната позицијата на табелата во Премиер лигата.

Раниери во својата прва изјава како тренер на Фулам потенцираше на што ќе посвети најголемо внимание.

„Како италијански тренер за мене најважна е одбраната. Важно е да имаме вистинска визија за тоа како ќе се браниме, не само дефанзивците, туку целиот тим. За мене тимскиот дух е многу важен, знам дека Фулам има добар тим, потребна ни е и борбеност“, изјави Раниери за „Скај Спорт“.

Раниери на клупата на Фулам ќе дебитира на 24-ти ноември против Саутемптон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Kejn го сруши „проклетството“ на Англија на Светското Првенство после 60 години

Фудбалската репрезентација на Англија го забележа важен триумф во осминафиналето на Светск…