Јувентус вчера во рамките од 17. коло во италијанската Серија А славеше против Сампдорија со 2:1.
Со овој триумф Јувентус изби осамен на чело на табелата со три бода повеќе од Интер, но „нероаѕурите“ имаат натпревар помалку. По победата на Јувентус најмногу се зборува за голот на Роналдо.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Роналдо после нафрлувањето од левата страна изведе скок со кој изгледаше како да лета. Дефанзивецот на Сампдорија покрај него во таа ситуација изгледаше како дете.
Од тој гол воодушевен беше и тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери.
„Кога некој ќе постигне таков гол можете само да му се воодушевувате. Роналдо постигна гол во стил на НБА играч, беше во воздух саат ипол! Што друго да се каже? На ваква мајсторија секој треба да се поклони и тоа е тоа“, изјави Раниери.
Италијанците пресметаа дека Роналдо од земја имал одраз 71 сантиметар, додека со главата во моментот кога ја удрил топката достигнал висина од 2.56 метри.