Дома Фудбал Италија Раниери го „пецна“ Манчини: Повеќе сакам мотивација отколку пари

Раниери го „пецна“ Манчини: Повеќе сакам мотивација отколку пари

Во Италија во фокусот на јавноста е Роберто Манчини кој ја напушти репрезентацијата на Италија за да седне на селекторското столче на Саудиска Арабија која го направи најплатен тренер во светот.

Манчини зборуваше дека проектот на Саудиска Арабија го убедил да ја прифати понудата, меѓутоа малкумина се оние кои веруваат во тие зборовиу. Саудијците Италијанецот го плаќаат 30 милиони евра годишно.

Свој коментар за целата ситуација даде и Клаудио Раниери по вчерашниот натпревар на Интер и неговиот Каљари.

„Да бидам искрен никогаш не би го направил тоа, повеќе сакам да имам мотивација отколку пари“, изјави Раниери за „ДАЗН“.

Овие зборови на Раниери можат да се потврдат и со неговото враќање на клупата на Каљари кој го презема како второлигаш и го врати во Серија А, иако имаше и побогати понуди од други клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал и Тотенхем го следат бисерот на Барса: за Еспарт поставена „блокада“ од над 100 милиони евра

Двата лондонски клуба внимателно го следат 19-годишниот Чави Еспарт, но Барселона веќе се …