Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос исткна дека судијата Хуан Мартинес Мунуера не погрешил кога досудил пенал за „кралевите“ при резултат 1:1. Пеналот Рамос го реализираше за водство од 1:2, а до крајот Реал постигна уште еден гол и победи со 1:3.
По мечот најмногу се зборува за тој пенал, а Рамос нема дилеми дека судијата исправно постапил кога покажал на белата точка.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Одлуката е јасна, беше чист пенал. Ленгле ме повлече во моментот кога сакав да скокнам. Неправедно е да се осудува судијата за нешто толку чисто. Тој гол ни помогна да победиме“.
„Двете екипи се силни дефанзивно и не оставаат многу простор, се почитуваме едни со други. Успеавме да им ја одземеме топката од нозете, а тогаш имаат најмногу проблеми, после вториот гол добро се браневме“, изјави Рамос.
Прговори Рамос и за критиките после претходните два порази од Кадиз и Шахтјор.
„Тука сума 16 години, два натпревари не значат ништо, не ги менуваат нашите цели. Критиките не не непогодуваат, ќе продолжиме да стоиме цврсто и да чекориме по нашиот пат. Да, можеби во соблекувалната има негативна енергија после лош натпревар, но ние најстарите се секогаш се обидуваме да ја исфрлиме“, порача капитенот на „кралевите“.