Искусниот шпански фудбалер Серхио Рамос е далеку од тоа да ги оправда очекувањата во ПСЖ, но приликата да стартува минатиот викенд во убедливата победа против Клермонт му го подобри расположението.
Рамос минатото лето дојде во ПСЖ после повеќемесечна сага и истекот на договорот во Реал Мадрид, меѓутоа повредите од неговото доаѓање се голем проблем.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Се радувам на големата минутажа. Потпишав договор на две години, а се надевам дека ќе останам и три. Клубот има право да донесе и поинаква одлука затоа што сепак поголем дел од сезоната бев повреден“, изјави Рамос за француските медиуми.
И покрај тоаш то влезе во втората половина од четвртата деценија, Рамос верува дека може да игра уште четири-пет години на високо ниво.
„Додека телото ме служи, ќе бидам фокусиран. Понатаму сум многу добар, среќен сум и уживам да играм во Париз“, порача поранешниот капитен на Реал.
Рамос не крие и дека негова голема желба е да добие повик во репрезентацијата на Шпанија кон крајот на годината за Мундијалот во Катар.
„Имам големи чувства кон Шпанија. Можам да им помогнам на патот до светската титула. Тоа чувство е единствено“, заклучи дефанзивецот.