Дома Фудбал Лига на шампиони Рамос со провокација до Салах пред вечерашното финале

Рамос со провокација до Салах пред вечерашното финале

Фудбалерите на Реал Мадрид и Ливерпул вечерва во Киев ќе го одиграат големото финале во Лигата на Шампионите.

Фановите на најважната споредна работа во светот со нетрпение го очекуваат почетокот на вечерашното финале во кое ќе се сретнат Реал и Ливерпул. „Психичките игри“ од двете страна започнаа одамна, а изгледа дека капитенот на „Кралевите“, Серхио Рамос се уште не кажа се што има.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рамос за шпанските медиуми изјави дека не може да верува дека некој може да каже дека Салах во моментов е на ниво на кое што се Роналдо и Меси.

„Да споредите некои играчи со Роналдо и Меси е нешто што не може да го направите. Не можам да верувам дека некој може да каже дека Салах е на нивно ниво. Постојат играчи кои се во мода, но доаѓаат и минуваат, а постојат и оние кои остануваат. Салах е одличен и тука нема дилема, но да се каже дека е на ниво на Роналдо и Меси е смешно“, изјави Рамос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Фудбалерот на Челзи изненади со пораката по голот против Тотенхем

Фудбалерите на Челзи вчера го совладаа тимот на Тотенхем со 2:0 во натпреварот од англиска…