Дома Фудбал Рамос се повреди, ги пропушта дуелите со Реал Мадрид

Рамос се повреди, ги пропушта дуелите со Реал Мадрид

Серхио Рамос заработи повреда на мускулот на последниот тренинг и најверојатно ќе ги пропушти дуелите со Реал Мадрид во Лигата на шампиони, пренесува „Марка“.

Рамос веќе го пропушти поголемиот дел од актуелната сезона во ПСЖ поради повреда, а сега му следува нова пауза.

Засега нема информации за сериозноста на повредата, но медиумите тврдат дека ветеранот сигурно ќе го пропушти првиот дуел со неговиот поранешен клуб.

ПСЖ на 15 февруари на “Паркот на принцовите“ го пречекува Реал Мадрид во првиот осминафинален натпревар во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…