Дома Фудбал Рамос: Патникот за Киев ќе биде познат во Мадрид

Рамос: Патникот за Киев ќе биде познат во Мадрид

Реал Мадрид вечерва преку пресврт дојде до предност во првиот дуел во рамки на полуфиналето од Лигата на шампионите, славејќи со 2:1.

Дека се е отворено и патникот во финалето во Киев ќе се дознае по дуелот на „Сантијаго Бернабеу“ потврди и Серхио Рамос по завршувањето на вечерашниот меч.

„Тешко е да се слави против Баерн со 3:0 како што очекуваа фановите. Нашиот противник е одличен и оној кој ќе игра во големото финале ќе биде познат по дуелот во Мадрид. Мора да се нагласи дека на денешниот меч, одлично своите задачи ги завршија Лукас и Асенсио“, истакна капитенот на мадридскиот состав.

Следниот вторник на програмата е вториот, односно реванш мечот помеѓу овие два европски гиганти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Овоно доби 12 меча суспензија по кобниот судир со Де Мигел

Голманот на Андора ја доби максималната дисциплинска казна по стартот врз напаѓачот на Тен…