Дома Фудбал Рамос нема да игра против Реал, но ќе патува во Мадрид

Рамос нема да игра против Реал, но ќе патува во Мадрид

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино потврди дека Серхио Рамос нема да игра во реваншот против Реал Мадрид.

Рамос, кој оваа сезона одигра само неколку натпревари за ПСЖ има проблем со повреди, но ќе патува со „светците“ во Мадрид.

„Серхио ме замоли да патува со нас. Тој скоро цела кариера ја помина во Реал Мадрид и освои се таму. Јасно е дека би сакал да се врати и ќе патува со нас за да го гледа мечот. Важно е да сме обединети во вакви моменти“, изјави Покетино.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…