Кристиано Роналдо синоќа постигна четири гола во победата на Реал Мадрид над Жирона (6:3).
Реал убедливо ја победи Жирона, а Роналдо со новите голови дојде на второто место на листата на стрелци и сега има 22 гола, односно три помалку од водечкиот стрелец Лео Меси. Токму опкладата со соиграчите би можела да биде клучна во таа борба за најдобриот стрелец, бидејќи наводно Португалеот ги прашал своите соиграчи дали некој сака да се обложува дека тој ќе биде најдобриот стрелец.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Рамос, Марсело и Модриќ се согласиле, а шпанските медиуми тврдат дека станува збор за голем износ. Целосната добивка, доколку се оствари, ќе биде донирана во добротворни цели. Инаку, опкладата изгледала сигурна, бидејќи Меси тогаш имал 11 гола повеќе од Роналдо, но сега разликата е мала и до крајот Португалецот ќе се обиде да биде на првото место.