Дома Фудбал Франција Рамос конечно одработи групен тренинг во ПСЖ

Рамос конечно одработи групен тренинг во ПСЖ

Искусниот шпански фудбалер Серхио Рамос денес конечно одработи групен тренинг со првотимците на ПСЖ кои немаат обврски кон репрезентациите оваа недела.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рамос го одработи тренингот заедно со Ерера, Икарди, Бернат и одигра натпревар со младите фудбалери на ПСЖ. Поранешниот капитен на Реал Мадрид од доаѓањето во Париз го мачи повредата на коленото, а оваа и наредната недела ќе направи се за да биде спремен за крајот од месецот за продолжување на сезоната.

Неодамна во француските медиуми се појави и информација дека ПСЖ би можел поради здравствените проблеми да го раскине договорот со Рамос, меѓутоа тешко е да се верува во тие информации. ПСЖ по репрезентативната пауза на 20. ноември ќе игра против Нант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Лука Модриќ останува во Милан

Еден месец и половина пред својот 41 роденден, ЛУКА МОДРИЌ склучи договор за останување во…