Дома Фудбал „Рамос е најдобар, тој е машина може да игра уште шест години на највисоко ниво“

„Рамос е најдобар, тој е машина може да игра уште шест години на највисоко ниво“

Серхио Рамос веќе неколку години е помеѓу најдобрите дефанзивци во светот, многумина ќе кажат и најдобар, а помеѓу нив е и неговиот поранешен соиграч од Реал Мадрид Рафаел Ван Дер Варт.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пензионираниот холандски играч за врска кој со Рамос играше од 2008 до 2010 година имаше само пофални зборови за актуелниот капитен на „кралевите“ и смета дека пред Шпанецот се уште години на највисоко ниво.

„За мене тој е најдобар дефанзивец во светот. Кога бев во Реал тој имаше 21 или 22 години. Беше полн со енергија, сакаше да биде насекаде, да прави се. Сега е поинаку. Созреа и го користи својот талент на најдобар можен начин. Стана машина. Го гледав неодамна и се запрашав колку години има. 34? Сигурно може да игра барем уште шест години на највисоко ниво“, изјави Ван Дер Варт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Mурињо „отпишал“ тројца фудбалери на Реал, еден не сака да слушне да замине!

Жозе Мурињо ги „отпиша“ Фран Гарсија, Раул Асенсио и Едуардо Камавинга, но последниот не с…