Дома Фудбал Рамос го израмни рекордот на Буфон, сега го напаѓа светскиот рекорд

Рамос го израмни рекордот на Буфон, сега го напаѓа светскиот рекорд

Серхио Рамос синоќа влезе во игра  на мечот против Холанија и го запиша своето име во историјата.

Репрезентативецот на Шпанија го запиша неговиот 176. настап за репрезентацијата, па така го стигна европскиот рекордер, Џиџи Буфон по број на настапи за националниот тим.

Рамос сега го напаѓа светскиот рекорд на Ахмен Хасан, и за тоа му требаат уште осум натпревари, па јасно е дека наскоро ќе стигне и до таа бројка, но не е единствен кој го напаѓа тој рекорд.

Ахмен Мубарак има 179 меча за Оман, односно Бадер Ал-Мутава за Кувајт одигра 178 натпревари, па останува да видиме кој ќе го урне и ќе го задржи рекордот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конте: Се засрамив против Арсенал, а потоа го најдов шампионскиот Челси

Поразот во лондонското дерби го натерал Конте да го смени системот. Следувале 13 победи по…