Серхио Рамос покажа дека и еден фудбалер кој игра на стоперската позиција може да биде ефикасен, изминатиот викенд тој го постигна неговиот 100-ти гол во дресот на „кралевите“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Капитенот на Реал во прв план го истакнува тимскиот успех, но еден гол сепак посебно го издвои.
„Рекордите и статистиката се интересни, но за мене главна работа се победите на тимот. Се надевам дека уште долго ќе играм и ќе постигнувам голови. Секој гол за мене е као мое дете. Не е лесно да се избере еден, но постои еден посебен. Погодокот кој ја дефинираше мојата кариера – тоа е оној во Лисабон“, изјави Рамос.
Голот за кој Рамос зборува го постигна во финалето од Лигата на шампионите во 2013/2014 во 93. минута против градскиот ривал Атлетико.