Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос наводно на управата на клубот им го предложил играчот кој го гледа како идеална замена за него на стоперските позиции.
Рамос, спроед шпанските медиуми, во иднина ќе игра помал број на натпревари во дресот на Реал. Тој сака да се заштити од повреди во следните натпревари и продолжување на својата играчка кариера, бидејќи би можел да ја скрати својата кариера и да го одведе во пензија пред очекуваното, па „Кралевите“ најверојатно ќе бидат принудени да ангажираат уште некој дефанзивец.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сепак, „Diario Gol“ тврди дека Рамос на управата на клубот јасно им порачал дека нема потреба од доведување на некои скапи фудбалери и дека во Реал Мадрид е идеалната замена за него на позицијата стопер.
27-годишниот дефанзивец, Начо Фернандез ги помина сите младински слекции во Реал. Тој е еден од ретките кои добија шанса во првиот тим и сосема добро ја искористи приликата и покажа дека е добар играч, кој и самиот Рамос беше задоволен. Рамос е задоволен од неговата изведба и тој цврсто верува дека Фернандез е идеално решение за последната линија во тимот во следните години и дека тој ќе биде столбот на одбраната на Реал.
Реал претходните месеци се поврзуваше со неколку фудбалери. Наводно, започнале преговори со Емерик Лапорт (Атлетик Билбао) и со Матијат де Лигт од Ајакс, но официјална понуда за сега немаше.