Дома Македонски спорт Мак ракомет Ракометарките го победија Косово за крај на турнирот во Турција

Ракометарките го победија Косово за крај на турнирот во Турција

Женската репрезентација на Македонија славеше со 30:27 против Косово во четвртиот пријателски натпревар.

Денес ракометарите добро започнаа и после првото полувреме направија предност од четири гола (17:13). Таа предност успеаа да ја задржат до крајот на натпреварот.

На пријателскиот турнир во Анталија претходно го победивме младиот тим на Турција со 37:19, па изгубивме од првиот тим на домаќинот (33:42) и ремизиравме со Италија (29:29).

Најефикасна во натпреварот со Косово беше Елена Ѓорѓиевска со осум голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Европско признание за Костадиновска: најдобра меѓу судијките на татами

Елена Костадиновска ја доби наградата за најдобра судијка на татами на сениорското Европск…