Раководството на Барселона не е задоволно од однесувањето на тренерот Роналд Куман после поразот во Ел Класико, пренесува „Кадена Сер“.
После скоро секој пораз на Каталонците Куман бара изговор и го обвинува ВАР системот и судиите. Директорите сметаат дека таквото однесување се одразува негативно на имиџот на клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Куман ги обвини судиите и ВАР системот во шест од седумте порази на Барселона во Примера. Според раководството еден тренер не треба да се однесува како навивач и треба да даде детална анализа после натпревар.
Барселона не е задоволна и наскоро ќе има состанок со тренерот, кој треба да ги анализира и своите грешки при лошите резултати.
Ronald Koeman reacts to Gil Manzano's ref performance. pic.twitter.com/293Zxmc5jI
— Barça Universal (@BarcaUniversal) April 10, 2021