Иван Ракитиќ откри во кој клуб сонува да премине ако ја напушти Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Станува збор за Севиља. За клубот од Андалузија каде хрватскиот репрезентативец настапуваше од 2011. до 2014. година, а во прошталната сезона како капитен го однесе клубот до освојување во Лига Европа. Севиља и натаму е неговата најголема љубов.
„За мене би било сон повторно да заиграм во дресот на Севиља“, призна Ракитиќ кој за Барселона со договор е врзан до 2021. година.
Во разговор за BeinSports се осврна и на заминувањето на Андрес Иниеста од Барселона, клубот во ој Шпанецот ја мина цела досегашна кариера и освои 31 трофеј.
„Оној кој не го сака Андрес Иниеста, тој не го сака фудбалот и прави грешка“.