Дома Фудбал Ракитиќ не конзумира тестенини, чоколадо, пиво, леб и колачи – откри и зошто

Ракитиќ не конзумира тестенини, чоколадо, пиво, леб и колачи – откри и зошто

rakitic

Репрезентативецот на Хрватска и член на Барселона, Иван Ракитиќ во својата исхрана не конзумира тестенини, леб, чокалдо, колачи и пиво, а на шапанските медиуми им откри и зошто.

Еден од најзаслужните фудбалери за второто место на Хрватска на Светското првенство во интервју за „Марка“ зборуваше за многу работи, помеѓу кои беше и неговото здравје. На Ракитиќ минатата му беше дијагностицирана глутенска ентеропатија, што во превод значи дека неговиот организам не поднесува глутен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради тоа Хрватот морал да воведе нов ред во својата исхрана и исфрлил неколку работи од исхраната.

„Од исхраната ги исфрлив, тестенините, лебот, чокаладото, колачите и пивото. Ослабев два килограми, а таквите промени многу ми помогнаа. Се чуствувам многу полесно на тренинзите и се чуствувам многу поспремен за натпреварите“, откри Ракитиќ.

Оваа сезона за Барселона, Ракитиќ одигра 11 натпревари за Барселона постигна два погодоци и подели две асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…