Дома Фудбал Лига на шампиони Ракитиќ: Многу сакав таа вечер да бидам на „Олд Трафорд“, но не смеев

Ракитиќ: Многу сакав таа вечер да бидам на „Олд Трафорд“, но не смеев

Барселона и Манчестер Јунајтед ќе се сретнат во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Последните два натпревари во овие два тима во Лигата на шампионите беа финални. И во двата натпревари славеа Каталонците – 2009 и 2011 година, а во двете натпревари стрелец беше Лионел Меси.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сега овие два гиганти повторно ќе се сретнат под рефлекторите на елтиното европско натпреварување, а пред тој натпревар Иван Ракитиќ зборуваше за британските медиуми.

Хрватскиот репрезентативец го најави натпреварот со Јунајтед во Лигата на шампионите и проговори за атмосферата на „Камп Ноу“, како и за својата иднина.

„Многу сакав да играм таа вечер да играм на „Олд Трафорд“, но не смеев“, започна Хрватот за ревијалниот натпревар помеѓу Јунајтед и Севиља во чест на завршувањето на кариерата на легендата на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд.

Тренерот на Ракитиќ тогаш сметаше дека му е потребен одмор, па во тој пријателски натпревар го остави на клупата.

Така сигурно нема да биде во четвртфиналето од Лигата на шампионите кога Ракитиќ за прв пат ќе истрча на стадионот во Манчестер.

„Видовме дека сме добри и знаеме дека англискит клубови се моќни. Морате да го почитувате Јунајтед. Сите видовме каков пресврт направија против Пари Сен Жермен. Ги почитувам Британците и поради страста која ја имаат кон фудбалот, нивните стадиони секогаш се полни“, порача Ракитиќ, а потоа новинарите го запрашаа за неговата кариера.

„Четири ипол години сум во Барселона и тоа беа многу добри години. Дел сум од еден од најголемите тимови во светот. Имаме среќа и кај нас да игра најдобриот играч во светот. Има уште долг пат пред мене, се надевам дека ќе играм до 41 година“, заврши Хрватот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Дани Алвеш пред два месеци излезе од затвор, а сега отвори фирма

Само два месеци откако беше пуштен од затвор по казната од четири и пол години затвор за с…