Дома Фудбал Останато Ракитиќ знае кој треба да биде тренер на Барселона наредната сезона

Ракитиќ знае кој треба да биде тренер на Барселона наредната сезона

Во јануари, Иван Ракитиќ го напушти европскиот фудбал и се пресели во Саудиска Арабија, каде потпиша договор со Ал Шабаб. Неговиот договор со овој клуб има важност и за следната сезона, а во интервју за шпанските медиуми откри дека веќе размислува за иднината по својата играчка кариера.

“Сè уште не сум целосно сигурен и не сакам да гледам премногу далеку во иднината. Се подготвувам малку по малку, остварувам контакти. Не можам точно да кажам што ќе правам во иднина, но знам дека тоа ќе биде поврзано со фудбалот,“, изјави Ракитиќ.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со оглед дека остави голема трага во Барселона Ракитиќ беше запрашан кој би требало да ја води Барселона наредната сезона бидејќи Чави се уште е на ставот дека ќе си замине на лето. Според поранешниот играч за врска на хрватската репрезентација не постои човек кој подобра ја разбира Барселона од Чави.

„Одлуката е на него, но мислам дека нема човек кој ја разбира Барселона подобро од Чави. Тој го презеде тимот во деликатен момент, со многу промени и во моменти кога беше тешко“, истакна Ракитиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Роналдо донел одлука: Го продава и вториот клуб кој го поседува

Легендарниот бразилски фудбалер Луис Назарио де Лима Роналдо јасно ставил до знаење дека ф…