Дома Топ вести Ракитиќ донесе одлука за својата иднина

Ракитиќ донесе одлука за својата иднина

Плејмејкерот на Барселона Иван Ракитиќ ја игра последната сезона на „Камп Ноу“ и на лето сигурно ќе ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ракитиќ оваа сезона го загуби првотимскиот статус и самиот призна дека не е повеќе среќен во Барселона, а неколку европски клубови се заинтересирани за неговиот потпис.

Хрватот силно се поврзуваше со трансфер во Италија, каде интерес покажаа Интер и Јувентус, но последните информации говорат дека поради семејството одлучил да остане во Шпанија.

Имено, Ракитиќ донел конечна одлука и сака да се врати во Севиља, каде ја доживеа својата фудбалска афирмација.

32-годишниот плејмејкер играше во Севиља од 2011 до 2014 година, неговата сопруга е од тој град, па наводно веќе го договорил враќањето на „Санчез Писхуан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…