Дома Фудбал Ракитиќ демантира: Колку што јас знам нема ништо од контактот со Баерн

Ракитиќ демантира: Колку што јас знам нема ништо од контактот со Баерн

rakitic

По потврдата дека Нико Ковач на крајот од сезоната ќе го превземе Баерн Минхен се појавија информации дека германскиот гигант по завршувањето на сезоната ќе се обиде да го доведе Иван Ракитиќ од Барселона.

Според пишувањето на медиумите наводно Баерн е спремен да понуди и сума од 80 милиони евра, но ако му веруваме на Ракитиќ засега не постои никаков контакт со бундеслигашот.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Едноставно не знам што би кажал за сето тоа, колку што јас знам нема ништо. Морам да кажам дека ми е мило што Ковач ќе биде нов тренер на Баерн. Тоа е се што можам да кажам“, изјави Ракитиќ.

Ваквиот став на Ракитиќ е сосема очекуван бидејќи Хрватот повеќе пати претходно истакнуваше дека нема намера да ја напушти Барселона, клуб со кој има договор до летото 2021 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…