Дома Фудбал Ракитиќ: Да ми го кажеше некој ова пред два месеци, ќе му се изнасмеев. Пресреќен сум

Ракитиќ: Да ми го кажеше некој ова пред два месеци, ќе му се изнасмеев. Пресреќен сум

Иван Ракитиќ ѝ се претстави на јавноста како нов фудбалер на Хајдук. Со огромен број фанови кои го пречекаа, Ракитиќ се претстави како нов играч на сплитскиот клуб.

– Да ми кажеше некој пред два-три месеци дека ќе седам овде, ќе му се изнасмеев. Среќен сум и горд што можам да му вратам на хрватскиот фудбал сè што ми даде. Ми се отвори можност да дојдам во хрватската фудбалска лига, а Хајдук беше единствената опција. Среќен сум што уживам овде и едвај чекам да му се приклучам на тимот, да ги почувствувам овие навивачи и да тренирам што поскоро – изјави Ракитиќ.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Тој одговори и на прашањето дали се слушнал со тренерот на екипата, Џенаро Гатузо.

– Се слушнавме. Тренерот е газда, тој ќе знае што да прави. Ќе помогнам на секаков начин, ако треба и како десен бек. Тука сум да помогнам и да го повлечам целиот тим, нема никакви проблеми. Важно е да се запознаеме, да се чувствуваме и тогаш сè ќе си дојде само по себе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …