„Сакавме да постигне гол и да победиме, имавме шанси, но доколку игравме и уште половина часа немаше да постигнеме погодок“, изјави Иван Ракитиќ после натпреварот помеѓу Лион и Барселона во осминафиналето во Лигата на шампионите (0:0).
Еден ден после натпреварот на Твитер се појавија фотографии кои откриваат дека Хрватот одново го налутил Лионел Меси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Претходно оваа сезона камерите го уловија Меси како вика на Ракитиќ во случна ситуација. Тогаш на натпреварот против Џирона, Ракитиќ одолговлекуваше со проигрувањето кон Аргентинецот кој поради тоа влезе во офсајд.
Навивачите Ракитиќ на друштвените мрежи го критикуваат и поради позиционирањето во еден дел од натпреварот кога дури и Жерар Пике му кажуваше каде треба да се движи.
We gotta talk about Rakitic. Here‘s a scene where he has to do better, his off the ball movement at the counter press isn‘t good enough. The red X shows where he should‘ve been so Pique can play him out. Instead, he was behind the ball – no passing lane, then couldn‘t reach pass pic.twitter.com/bZj0f6CjAF
— Pħukan (@Kdp_11) February 20, 2019
Ракитиќ беше помеѓу најлошо оценетите играчи на Барселона. Каталонскиот „Спорт“ го оцени со „шестка“, мадритскиот “„АС“ пак ја пофали неговата игра во дефанзивата, но наведува и дека освен тоа не дал поголем допринос во нападот.
ВАКА ОДИГРА РАКИТИЌ ВО ВЧЕРАШНАТА СИТУАЦИЈА
ПОГЛЕДОТ НА МЕСИ
ВАКА МЕСИ СМЕТАШЕ ДЕКА ТРЕБА ДА ОДИГРА
Иначе претходно утрово се појави вест дека Ракитиќ се договорил со Интер каде што би требало да премине после завршувањето на сезоната.
Интер за Ракитиќ спрема одличен договор. Тој ќе добие договор на три години и на „Џузепе Меаца“ во него гледаат играч кој може да биде еден од носителите на играта во следните неколку години.