Иван Ракитиќ не добива многу шанса оваа сезона, но синоќа Валверде му даде шанса во стартниот тим во дербито со Атлетико Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Тоа беше само вториот старт за Ракитиќ оваа сезона и одигра фантастичен меч со што покажа дека неправедно бил оставан на клупата за резерви.
Во последно време многу се шпекулира со иднината на Хрватот, а тој после мечот јавно призна дека сака да остане во Барселона, но не знае што ќе се случи.
„Не знам што ќе се случи со мене, но не постои подобар клуб од Барселона. Сакам да го давам максимумот на секој натпревар, а доколку имам прилика да го правам тоа во Барселона тогаш уште подобро. Сакам да уживам и да играм што повеќе и да им покажам на сите дека можат да сметаат на мене“, изјави Ракитиќ.
„Не ја разбирам својата ситуација, но некои работи во животот едноставно морате да ги прифатите, а не да ги разберете. Би сакал оваа ситуација да заврши во моја корист. Навистина повторно уживам во тренинзите, чуствувам дека имам поддрша од своите соиграчи“, додаде Хрватот.