Денес селекторот Благоја Милевски го објави списокот на повикани фудбалери за натпреварот со Лихтенштајн и Германија – ако сте го пропуштиле можете да го видите тука.
Ново име на списокот е фудбалерот од редовите на Малме Ердал Ракип кој неодамна доби право да настапува за македонската репрезентација. Ракип е играч од средниот ред и се очекува да ја засили конкуренцијата, Милевски денес порача дека шансата ја добива, а на него е дали ќе се наметне.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Со Ракип ќе добиеме на конкуренција во средниот ред. Останува на него дали ќе се наметне во иднина, тој е млад и неговата возраст ни дава за право да веруваме дека ќе го имаме понатаму“, изјави Милевски.
Натпреварот со Лихтенштајн го играме на гости на 8. октомври, додека на 11. ја пречекуваме Германија.