Пол Погба веќе подолго време е главна тема во Манчестер бидејќи Французинот сака да го напушти „Олд Трафорд“.
Легендата на „црвените ѓаволи“, Пол Сколс изјави дека Погба може слободно да замине и верува дека воопшто нема да се почуствува неговото отсуство во екипата бидејќи според него Французинот не е лидер.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
После ова се огласи контроверзниот Мино Раиола кој жестоко го нападна Пол Сколс.
„Пол Сколс би требало да биде нов спортски директор на Јунајтед и да го советува Вудвард да го продаде Погба. Тоа би биле многу ноќи без сон додека најдат нов клуб на Погба“, напиша Мино Раиола на Твитер.
„Постојат луѓе кои зборуваат од страв за да не бидат заборавени. Таков е Пол Сколс, ликот не би препознал лидер ни во случај пред него да застане Сер Винстон Черчил“ додаде Раиола.
Some people need to talk for fear of being forgotten. Paul Scholes wouldn’t recognize a leader if he was in front of Sir Winston Churchill. @paulpogba
— Mino Raiola (@MinoRaiola) August 21, 2018