Toмас Тухел на крајот од сезоната ќе го напушти Баерн Минхен кој е во потрага по негов наследник. Во јавноста се појави името на Ралф Рагник кој сега потврди дека контакти постоеле.
Рагник во овој момент е селектор на репрезентацијата на Австрија, но не ја исклучува можноста да седне на клупата на Баерн.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Да, точно е дека бев контактиран од Баерн. Веднаш го известив Фудбалскиот Сојуз на Австрија. Во овој момент мојот фокус е на Европското првенство.
Разговаравме, но засега нема ништо конкретно. Баерн прво треба да ми потврди дека ме сака и да испрати конкретна понуда, потоа јас ќе видам дали воопшто го сакам тоа“, изјави Рагник.
Во минатото Рагник во клупската кариера имаше една неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед.