Дома Македонски спорт Мак фудбал Работно во Битола: ФК Пелистер потпиша договори со осум фудбалери

Работно во Битола: ФК Пелистер потпиша договори со осум фудбалери

Tимот на Пелистер не успеа сезонава да се врати во друштвото на најдобрите откако заврши како четврти во Втората лига, а по завршувањето на клупата седна искусниот Влатко Костов.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Битолчани го припремаат тимот за новата сезона, а сега објавија дека осум фудбалери потпишале нови договори.

Станува збор за: Благоја Љамчевски, Петар Љамчевски, Благоја Спиркоски, Марио Наумоски, Филип Миленковски, Христијан Гроздановски, Борче Маневски и Илче Петровски.

Според најавите во Пелистер во наредниот период треба да пристигнат засилувања со кои ќе се обидат да обезбедат пласман во најсилната македонска конкуренција.

Фото: ФК Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…