Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички ќе се спасува со поранешен тренер на Вардар!

Работнички ќе се спасува со поранешен тренер на Вардар!

После катастрофалната полусезона Работнички денес за нов тренер го претстави Ратко Достаниќ.

Достаниќ постигна договор да работи во Работнички до крајот на сезоната со опција договорот да биде продолжен на уште една година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Претседателот на Работнички за официјалниот сајт на клубот истакна задоволство од постигнатиот договор.

„Ратко Достаниќ е врвно тренерско име на поранешните југословенски простори и среќни сме што ќе го имаме во нашите редови. Се надеваме дека неговото непроценливо искуство, тренерскиот квалитет и напорната работа ќе донесат и многу подобри резултати за Работнички во периодот што следи. Не очекуваат големи предизвици во пролетниот дел од првенството и веруваме дека Ратко Достаниќ е вистинското решение за тренерската клупа“, изјави претседателот Драган Поповски.

Инаку Достаниќ и во минатото има работено во Мкаедонија, во 2008 година го водеше Вардар. Сега е среќен што се враќа во нашето првенство.

„Работнички е голем клуб, голема чест ми е што добив понуда да го преземам тимот. Ова е голем предизвик за мене и можност повторно да работам во Македонија. Добро сум запознат со квалитетот на составот, апсолутно не е соодветствува со актуелниот пласман на табелата и ќе се трудиме тоа брзо да го подобриме. Со напорна работа и добра клупска стратегија верувам дека Работнички брзо ќе се врати на позициите што му припаѓаат“, изјави  Достаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

„Комити“ испратија апел да се носи македонско знаме на средбата со Тиквеш, но ФФМ сега донесе нова одлука – натпреварот ќе се одигра без публика!

Навивачите на Вардар пред натпреварот со Тиквеш испратија апел на овој дуел кој требаше да…