Македонскиот претставник во Лигата на Европа тимот на Работнички денес забележа победа од 2:1 во рамките од квалификациите за Лигата на Европа, против Унгарски Хонвед.
„Романтичарите“ пред натпревараот посакуваа победа без примен гол, но на крајот ќе мораат да се задоволат со победата од 2:1.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Работнички до предност стигна во 33 минута со голот на играчот кој беше најистурен во нападот, Петар Петковски.
Гостинскиот тим успеа да стигне до изедначување во финишот на првиот дел и тоа со вистински еврогол од огромна далечина Ѓерѓ Наги.
Победничкиот гол за Работнички го постигна Шарковски после еден час игра.
Во последните десетина минути од натпреварот дебарамаалци имаа неколку одлични прилики за поубедлива победа, но сепак недостсуваше реализацијата.
Реваншот во Будимпешта е закажан за во вторник во 18:00 часот.