Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички се засили со напаѓач од Венецуела

Работнички се засили со напаѓач од Венецуела

Работнички доведе уште едно засилување во зимскиот преоден рок. Нов фудбалер на нашиот клуб е Сантијаго Родригез (20), крилен напаѓач кој доаѓа од Каракас, најпознатиот клуб и актуелен вицепрвак на Венецуела. Тој потпиша договор и се приклучи на подготовките на тимот во Анталија.

За Сантијаго Родригез доаѓањето во ФК Работнички ќе биде прво интернационално искуство и предизвик да се наметне во европскиот фудбал.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Минатата сезона тој одигра 28 натпревари за тимот на Каракас и постигна пет гола. Каракас е клуб со 12 шампионски титули во првенството на Венецуела, а минатата сезона ја заврши на втората позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Женските фудбалски надежи ќе учествуваат на УЕФА турнир во БиХ

Младата женска репрезентација на Македонија до 16 години во периодот од 16 до 24 април уче…