Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички остана без тренер: Седло се врати и го „избрка“ Калц!

Работнички остана без тренер: Седло се врати и го „избрка“ Калц!

Работнички овој викенд беше декласиран од актуелниот шампион Шкупи со 5:0, четири гола „романтичарите“ примија само во првото полувреме, а тоа беше пресудно раководството да се одлучи за промена.

Клубот денес објави дека тренерот Љупчо Марковски по овој пораз си поднел оставка и истата е прифатена. Интересно е што за Гоце Седлоски ова беше прв натпревар по отказот кој го доби пред десетина дена, а неговиот прв повратнички се покажа како последен за колегата на спротивната страна.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Љупчо Марковски не е веќе шеф на стручниот штаб на Работнички. По вчерашниот убедлив пораз (5-0) од Шкупи, тој заминува од функцијата. Марковски поднесе оставка од морални причини.

На куп-натпреварот што претстои в среда против БВК Коњари тимот ќе го води досешниот прв асистент Стојан Игњатов“, соопштија од Работнички.

Сезоната Работнички ја започна далеку под очекувањата и после шест кола се наоѓа на претпоследното место на табелата со само четири освоени бодови. Зад себе имаат само една победа, едно реми и четири порази. Скопје кој е последен има бод помалку.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Судиска анализа: Струга оштетена за пенал во Ѓорче

Во викендот кој е зад нас се играа натпревари од 28. коло во Првата македонска фудбалска л…