Дома Македонски спорт Мак фудбал Работнички закажа шест пријателски натпревари

Работнички закажа шест пријателски натпревари

Тимот на Работнички ја одработува првата фаза од подготовките под раководство на шефот на стручниот штаб Александар Влахо, денеска и утре комплетниот погон ќе ги мине деталните лекарски прегледи, а закажани се и шест пријателски натпревари преку кои ќе се темпира формата за пролетниот дел од првенството во Првата лига.

Работнички првиот тест ќе го има на 20.јануари против Борец, а три дена подоцна ќе спарингува со второлигашот Тетекс. На 26. јануари тимот ќе замине на подготовки во Охрид, а ден подоцна е закажан тестот со Ренова. На 30.јануари Работнички ќе одигра пријателски натпревар против Струга Трим Лум, на 3. фавруари ривал ќе биде Пелистер, а последната контрола пред стартот на пролетниот дел од шампионатот ќе биде на 6.февруари, против тимот на Тиквеш.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Работнички досега во зимскиот преоден рок доведе шест засилувања кои одлично се вклопуваат во новата средина.

Фото: ФК Работнички

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Сејдини: Битолa доби репрезентативен стадион!

Фудбалската федерација на Македонија ги заврши активностите од проектот за осветлување на …