Новак Ѓоковиќ може да се врати на првата позиција на АТП листата откако го загуби лидерското место каде што сега е Рафаел Надал.
Поразот на Надал од Александар Зверев во рамките од првото коло на групната фаза на Завршниот мастерс во Лондон кој беше прилично убедлив (2:6, 4:6) доведе до негово загрозување на првата позиција до која дојде претходната недела.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Новак вчера го совлада Беретини и тоа му донесе 200 бодови и ситуацијата на врвот е ваква:
1.Рафаел Надал 9585
2.Новак Ѓоковиќ 9145
Значи, ситуацијата до крајот на годината нема шанси да се промени, но доколку Новак го гледаме во полуфиналето, а Надал не тогаш шансите Ѓоковиќ да се врати на лидерската позиција се зголемуваат. Покрај тоа треба да се нагласи и дека се зависи од самиот Ѓоковиќ. Во случај српскиот тенисер да го освои турнирот без изгубен меч тогаш сигурно ќе биде прв.
Останува да видиме кој од Новак и Рафа ќе ја заврши годината на првата позиција.