Навивачите на Милан веројатно најмногу би сакале полскиот напаѓач да постигне два гола уште вечерва во еден од најважните натпревари во сезоната.
За Криштоф Пјонтек 2019 дефинитивно е најдобра година во неговиот живот. Младиот полски напаѓач оствари голем трансфер со преминување во Милан во Серија А и се бори за титулата најдобар стрелец. Со Милан би можел да обезбеди и настап во Лигата на шампионите, а покрај тоа е и на чекор до необичен подвиг каков што не направил никој никогаш во Серија А.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пјонтек има прилика да стане првиот играч откако професионално се игра фудбал во Италија кој успеал во два различни клуба во една сезона да постигне двоцифрен број на голови. Играјќи за Џенова во првиот дел од сезоната беше стрелец на 13 погодоци, а во досегашните 11 натпревари за Милан (само во Серија А) мрежата ја погодуваше осум пати. Со оглед на формата во која се наоѓа, како и тоа што до крајот на првенството останаа уште седум кола јасно е дека е многу блиску да се запише во историјата.
Навивачите на Милан најмногу сакаат тој „дабл-дабл“ полскиот напаѓач да го достигне во натпреварот против Лацио бидејќи така би биле многу поблиску до пласман во Лигата на шампионите.