Дома Фудбал Пјаниќ: Сите од Јувентус кои играле со Меси ми кажаа дека тој е вонземјанец

Пјаниќ: Сите од Јувентус кои играле со Меси ми кажаа дека тој е вонземјанец

Миралем Пјаниќ допатува во Барселона и се очекува овие денови да се приклучи на тренинзите на каталонскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пјаниќ со Барселона потпиша договор на четири години, а откако се опорави од коронавирусот доби дозвола да допатува во Шпанија. Овие денови тој треба да се приклучи на новиот клуб, претходно тој ќе биде тестиран.

Во првото интервју една од најинтересните изјави која се пренесува во Шпанија е поврзана за Лионел Меси.

„Секогаш зборував дека остварување на сонот е да се игра со Лионел Меси. Сите во Јувентус кои играле со него ми кажале дека е вонземјанец и без дилеми за мене тој е најдобар фудбалер во светот и ќе дадам се од себе да помогнам на екипата“, изјави Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Момчето е измамник“: Клубот бара 150 милиони евра, а тој не испрати удар кон голот за време на СП!

Младата ѕвезда Јан Диоманде има разочарувачки настап на Светското првенство. Овој 19-годиш…