Кого топчињата ќе спојат во ¼ финалето од Лигата на шампионите ќе дознаеме на утрешната ждрепка.
Освени фудбалерите и навивачите ширум светот се во исчекување. Јувентус, Рома, Реал Мадрид, Барселона, Севиља, Ливерпул, Манчестер Сити и Баерн Минхен ќе се најдат во барабанот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пред утрешната ждрепка се огласи фудбалерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ.
„Кого би сакал да избегнеме? Многумина сакаат нас да не избегнат доколку знаат што направил Јувентус во последните години“, истакна одличниот играч за врска на „старата дама“ кој потоа зборуваше за својот поранешен клуб, Рома.
„Среќен сум поради Рома, заслужуваат да бидат помеѓу најдобрите осум. Се надевам дека ќе се сретнеме во полуфиналето, а не сега“, заклучи репрезентативецот на БиХ.