Дома Фудбал Италија Пјаниќ и Роналдо му прават проблем на Сари

Пјаниќ и Роналдо му прават проблем на Сари

pjanic ronaldo

Во Италија веќе некое време нема фудбал, а фудбалерите се во самоизолација и тренираат индивидуално со цел да ја одржуваат кондицијата.

Уште после натпреварот против Интер, одигран пред две недели, Кристијано Роналдо го напушти Торино и замина во Португалија, а после неколку дена дозвола да ја напуштат Италија добија и Пјаниќ, Игуаин и Кедира.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пјаниќ замина кај фамилијата во Луксенбург, а Кедира кај своите во Германија. Игуаин замина во Аргентина за да биде со својата болна мајка која мора да замине на хемотерапија.

Додека се чека одлуката кога клубовите ќе продолжат да тренираат, Сари ќе се најде во проблем затоа што Роналдо, Пјаниќ, Игуаин и Кедира мора да поминат задолжителен 14 дневен карантин.

Според најавите од Италија со тренинг треба да се започне од 3. или 4. април. Со оглед дека споменатите играчи ги чека карантин по враќањето во Италија јасно е дека ќе пропуштат неколку тренинзи, што претставува проблем за Сари бидејќи се работи за важни играчи од тимот.

Инаку, до сега со коронавирусот се заразени двајца играчи на Јувентус, Ругани и Матуиди. Во прашање е дали ќе бидат во конкуренција за настап до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…